Жителка на село Баланци, Центар Жупа возела без возачка и со 0,76 промили алкохол во крвта
- Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле жителка на село Баланци, Општина Центар Жупа, која управувала патничко моторно возило без возачка дозвола и со 0,76 промили алкохол во крвта.
Дебар, 2 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле жителка на село Баланци, Општина Центар Жупа, која управувала патничко моторно возило без возачка дозвола и со 0,76 промили алкохол во крвта.
-Синоќа во 23:35 часот, во ОВР Дебар приведена е Е.Т.(40) од селото Баланци, општина Центар Жупа. При контрола во патниот сообраќајна улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки што таа го управувала и притоа, констатирале дека нема положено возачки испит, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека при извршено алкотестирање, регистрирани и биле 0,78 промили алкохол во крвта.
Таа веднаш е исклучена од сообраќај, а по налог на јавен обвинител, одземено е моторното возило.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“. вт/вј/
Фото: МИА