• понеделник, 23 декември 2024

„Живи мртовци“: Ако не сакате хомосексуалци, отследете нѐ

„Живи мртовци“: Ако не сакате хомосексуалци, отследете нѐ
Лос Анџелес, 28 јануари 2021 (МИА) - Новата ТВ-серија под наслов „Живи мртовци: Светот од другата страна“ (Тhe Walking Dead: World Beyond), доби доста критики затоа што двајца од главните ликови се хомосексуалци. Продуцентите на Твитер ги повикаа критикувачите да не ја гледаат серијата. „Ако ЛГБТ ликовите на телевизија (или каде било) ви се непријатни или ве лутат, ве молиме отследете нѐ. Во истовреме, ние ве охрабруваме да погледнете во себе и да бидете поотворени за прифаќање на различностите. Знајте дека нема место, меѓу нашите обожаватели, за омраза, дискриминација или пак, за свесно незнаење“, се вели во објавата. Во серијата која е своевидно продолжение на оригиналната „Живи мртовци“, двајца од хероите се полицаецот Феликс Карлучи (Нико Торторела) и неговото момче Вил Кемпбел, кој го глуми глумецот од Бродвеј, Џелани Аладин. си/сд/

Остани поврзан