• петок, 05 декември 2025

Жељазков: Бугарската армија започнува забрзана модернизација

Жељазков: Бугарската армија започнува забрзана модернизација

Софија, 18 јули 2025 (МИА) – Бугарската армија започнува забрзан процес на модернизација, изјави денеска премиерот Росен Жељазков за време на Денот за високи гости на воената вежба „Бриз 2025“, одржана на фрегатата „Верни“.

Жељазков истакна дека финансирањето ќе се одвива преку две линии – национални буџетски средства и финансискиот механизам SAFE, кој ќе обезбеди долгорочно финансирање за постигнување на поставените цели.

За вежбата „Бриз“, бугарскиот премиер нагласи дека таа не е насочена кон симулирање на борбени дејствија против непријател, туку кон зајакнување на оперативната соработка меѓу сојузниците во НАТО, како и со владини и невладини организации.

„Овие вежби вклучуваат задачи за справување со природни катастрофи, противминска соработка и справување со излевања на нафта“, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан