• понеделник, 23 декември 2024

Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци 

Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци 
Кавадарци, 1 јануари 2022 (МИА) - Женско е првото бебе родено во Кавадарци во Новата 2022 година. Гинеколог доктор Адела Стефанија, појасни за МИА дека новороденчето на свет го донела прворотката В.Ј. од Кавадарци. Првото бебе дошло на свет преку царски рез, на пет минути од првиот ден во новата година. Тешко е три килограми и 750 грама, а долго 54 сантиметри. - Младата мајка и бебето се во одлична состојба, нагласи Стефанија. Мирослав Нерков, доктор во Итна медицинска помош Кавадарци, рече за МИА дека новогодишната ноќ поминала главно мирно и со вообичаени интервенции на Брзата помош. свд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан