• сабота, 23 ноември 2024

Женскиот прволигаш ,,Клубски Патриот" започна со подготовките за новата сезона

Женскиот прволигаш ,,Клубски Патриот
Делчево, 16 август 2020 (МИА) - Женскиот кошаркарски прволигаш ,,Клубски Патриот" ги започна подготовките за новата прволигашка сезона. Во рамки на првиот дел од подготовките, како што информираше тренерот Љупчо Петровски, ќе се работи на физичката подготвеност на кошаркарките.
-Подготовките се одвиваат на отворено, согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19. По физичката подготовка на кошаркарките, ќе продолжиме со работа во сала, додека во третиот дел од подготвките предвидено е да одиграме неколку пријателски натпревари, пред почетокот на сезоната, рече Петровски.
Екипата годинава освен во Првата лига, како што додаде Петровски, освен во Првата лига ќе се натпреварува и во три младински категории.
-Оваа година ќе настапиме во три младински категории и тоа М-14, М-16 и М-18. Помладите екипи е предвидено да почнат со тренинзи по 20 август 2020 година, додаде Петровски.
Ккако што најавија од стручниот штаб екипата и годинава поради слабиот ростер ќе ја има улогата на аутсајдер, освен во кадетска конкуренција, каде минатата сезона имаа солидно претставување во оваа конкуренција. вс/бк/

Остани поврзан