• понеделник, 23 декември 2024

Жена не треба да го глуми Џејмс Бонд, вели Даниел Крејг

Жена не треба да го глуми Џејмс Бонд, вели Даниел Крејг
Лос Анџелес, 22 септември 2021 (МИА) - Следната година навршуваат 60 години од првиот филм за Џејмс Бонд („Д-р Но“, 1962) од високобуџетниот серијал, тогаш со Шон Конери во водечката улога. Даниел Крејг е шестиот глумец што ја презеде истата пред околу 15 години и годинава, во филмот „Не е време за умирање“ (No Time to Die), обожавателите на „007“ ќе можат по петти и (веројатно) последен пат да го видат во оваа веќе култна улога. По тој повод, Крејг проговори за можноста во иднина, британскиот агент да го глуми девојка. - Зошто жена да го глуми Џејмс Бонд кога може да има нов лик, исто толку добар како Џејмс Бонд, но - жена?!, праша Крејг. Глумицата Лашана Линч, според гласините, некои ја гледаат во насловната улога во следниот, 26. филм за „007“. Таа е, инаку, главната „Бонд девојка“ во годинашниот 25. филм од серијалот, којшто излегува на 8 октомври. https://www.youtube.com/watch?v=N_gD9-Oa0fg Сличен став, дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена, туку треба да се создаде сосем нов женски лик, пред извесно време имаше и Барбара Броколи - сегашна главна продуцентка на овие филмови. Инаку, за наследник на Даниел Крејг е сметан и Реџе-Жан Пејџ, но самиот тој засега ги демантира тие гласини.  си/сд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан