• петок, 05 декември 2025

Жена исчезнала во кумановско Липково, потрагата во тек

Жена исчезнала во кумановско Липково, потрагата во тек

Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека е исчезната жена во реонот на кумановско Липково. Пријавата е добиена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. 

- По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае, велат од ЦУК. бак/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан