• сабота, 21 декември 2024

Желката ирвин пронајдена и во северен Квинсленд

Желката ирвин пронајдена и во северен Квинсленд
Канбера, 5 мај 2022 (МИА) - Австралиски научници откриле ДНК-примероци од познатата желка која дише и преку задникот, во северниот дел на Квинсленд, каде што последен пат овој вид е забележан пред повеќе од 25 години. Стручњаците од Универзитетот „Џејмс Кук“ анализирале ДНК од примерок од реката Бурдекин и откриле дека т.н. желка ирвин (Elseya irwini) живее на повеќе места. Овој вид го добил името по познатиот, сега починат, зоолог Стив Ирвин и неговиот татко Боб. Тие и ја откриле во реката во раните 90-ти. Желката под вода дише преку задникот. - Добро е да се знае дека сè уште има единки во оваа област, истакна Демијен Бароус, раководител на истражувањето на Центарот за тропски води и водни екосистеми при Универзиетот. Тој додаде дека до ова последно откритие, немале официјални податоци дека желката ирвин сè уште живее во долниот дел на реката Бурдекин. - Порано, беше многу тешко да се најде желката ирвин, бидејќи живее само на места каде што има крокодили или во планински притоки коишто се многу тешко пристапни. Исто така, тие не се лесни ни за фаќање, а водата во која се наоѓаат не е чиста, така што не може да се снимаат со подводни камери. Но, е-ДНК го промени тоа бидејќи сега само треба да земеме примероци и да ја пронајдеме нивната е-ДНК, објасни Бароус. Процесот на екстракција на е-ДНК (ДНК на животната средина) овозможува собирање генетски материјал на одреден организам од почвата или водата. Иако е-ДНК не може да ја открие возраста на желките, тоа е исклучително откритие, нагласуваат научниците. - Не знаеме ништо за распорреденоста на овој вид, но фактот што ја најдовме нивната е-ДНК и покрај браната изградена во 80-тите, укажува дека возрасните желки ирвин сè уште можат да преживеат во овие услови на матна вода, појасни биологот Сесилија Вилакорта-Рат. си/ми/

Остани поврзан