• четврток, 26 декември 2024

Ештон Кучер и Мила Кунис, наводно, се селат во Европа

Ештон Кучер и Мила Кунис, наводно, се селат во Европа

Лос Анџелес, 28 октомври 2024 (МИА) - По скандалите со уапсениот рапер Диди, холивудската двојка Ештон Кучер и Мила Кунис, наводно, размислува да се преселат во некоја европска земја. Имено, Ештон претходниве години неколкупати беше снимен во друштво на Диди и како гостин на неговите сега контроверзни забави.

„Ештон е фрустриран што го влечат низ целата оваа приказна поради неговите односи од минатото. Прво со Дени Мастерсон, а сега со Диди. Тој е убеден дека има подобри места за живеење од Холивуд. Според него, Холивуд денес е септичка јама", изјави неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch).

Кучер беше прашан на интервју за денес неславните забави, уште пред неколку години.

- Имам многу да кажам, но не можам. Така, ух... Не можам да ги раскажам овие приказни за забавата на Диди... „Човече“, тоа се некои чудни спомени, изјави тој тогаш, одбивајќи да зборува за подробностите.

Глумецот, според пишувањата на „Дејли мејл“ (Daily Mail), „жали за пријателството со Диди“ и стравува дека Диди „може да лаже пред властите“ за своите познати пријатели.

„Ештон се чувствува изневерен, оти го земаат 'здраво за готово' и манипулираат. Сега не му верува никому освен на сопругата Мила. Ќе го задржи само семејството во својот круг блиски", изјави друг извор за познатиот глумец.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан