• вторник, 09 декември 2025

ЕУ: Србија не се придржуваше до три нови одлуки на ЕУ за надворешна политика во врска со Русија

ЕУ: Србија не се придржуваше до три нови одлуки на ЕУ за надворешна политика во врска со Русија

Белград, 8 декември 2025 (МИА) - Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не се придржуваше до двете нови одлуки за надворешна политика на ЕУ за рестриктивни мерки против Русија. Како што денеска соопшти ЕУ, Србија не се придржуваше до одлуката (ЗНБП) 2025/2019 од 3 октомври, со која се продолжија рестриктивните мерки против Русија поради нејзините дестабилизирачки активности до 9 октомври 2026 година.

Србија дури не се придржуваше ниту до одлуката (ЗНБП) 2024/2357 од 20 ноември, со која се прошири списокот на правни и физички лица, субјекти и тела кои се предмет на рестриктивни мерки поради ситуацијата во Русија.

Со двете нови одлуки на Советот на ЕУ, сите други кандидати за членство во ЕУ од регионот на Западен Балкан - Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина - се придржуваа, што ќе обезбеди нивните национални политики да бидат во согласност со неа, а ЕУ „ја зема предвид таа обврска и ја поздравува“.

Србија, заедно со другите кандидати за членство во ЕУ се усогласи со новата одлука во врска со Судан, Турција, ИД и Ал Каеда.

Заедно со Србија, сите други кандидати за членство во ЕУ од регионот на Западен Балкан - Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина - се усогласија со тие три одлуки на Советот на ЕУ. Тие земји ќе „обезбедат нивните национални политики да бидат во согласност со ова, а ЕУ „ја зема предвид оваа обврска и ја поздравува“, се вели во соопштението. зш/ссм/

Остани поврзан