• петок, 22 ноември 2024

ЕУ почна да подготвува процедури за нов трговски договор со Британија

ЕУ почна да подготвува процедури за нов трговски договор со Британија
Брисел, 23 декември 2020 (МИА) - Земјите-членки на Европската унија почнаа да подготвуваат процедури за нов трговски договор со Велика Британија на 1 јануари, доколку биде постигнат договор, соопштија денеска три дипломатски извори во европскиот блок. За време на состанокот со Европската комисија, која преговара со Велика Британија во име на сите 27 земји-членки, на дипломатите во Брисел им беше речено да бидат подготвени за состанок утре, доколку биде постигнат договор. „Се чини дека договорот е близу. Ќе биде објавен денеска или утре, нагласи дипломат на ЕУ, додавајќи дека Европскиот совет, што  ги претставува земјите-членки во Брисел, почна со подготовки за да се овозможи таканаречена „привремена имплементација" - брза имплементација на договорот. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан