• петок, 27 декември 2024

ЕУ: Најстрого го осудуваме труењето на Навални

ЕУ: Најстрого го осудуваме труењето на Навални

Брисел, 2 септември 2020 (МИА) – Институциите на ЕУ излегоа со силна осуда за наодите на германските доктори дека рускиот опозиционер, Алексеј Навални, бил отруен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјавија и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

По токсиколошката анализа направена во Германија каде Навални беше итно префрлен на лекување од Русија, Европската Унија застанува зад германските наоди.

-Анализата докажува дека господинот Навални бил отруен со воен хемиски нервен агенс од групата “Новичок“, развиен од страна на Советскиот сојуз, а потоа Русија. Употребата на хемиско оружје е неприфатлива под било кои околност и претставува нарушување на меѓународното право, порача дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ сега бара од Русија темелна и транспарентна истрага за “обидот за убиство врз господинот Навални“ и предупредува дека овој случај не смее да остане нерасветлен.

-Одговорните мора да се соочат со правдата, бара Борел.тм/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан