• вторник, 16 јули 2024

ЕУ и ОН со пораки за зачувување на природата и културното наследство во Охридскиот регион

ЕУ и ОН со пораки за зачувување на природата и културното наследство во Охридскиот регион
Струга, 10 ноември 2022 (МИА) - Моменталната состојба и перспективите за зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион и соработката на Обединетите нации и Европската унија биле во фокусот на средбите на евроамбасадорот Дејвид Гир и постојаниот координатор на ОН Росана Дуџак со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца, Кирил Пецаков, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески. Целта на средбата, како што соопшти денеска канцеларијата на ОН, била поттикнување на поголема еколошка свест кај пошироката јавност. Посетата и настанот во Струга, како што е наведено, се дел од заедничките напори на ЕУ и ОН за поголем ангажман околу климатските промени и еколошката свест. - Заедно со нашите пријатели од ЕУ, започнавме повеќегодишна отворена кампања наречена „Се грижам“ за да инспирираме поголем ангажман за спречување на климатските промени и заштита на нашата животна средина. Целта на кампањата е да се мобилизираат организации од сите сегменти на општеството, како и поединци од сите сфери на животот и да се натераат активно да придонесат кон нашата заедничка цел за позелена, подобра и поодржлива иднина. Промените што сите сакаме да ги видиме можат да се постигнат само ако пристапиме како едно општество, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. Амбасадорот Гир истакнал дела ЕУ ја развила зелената агенда за Западен Балкан, како нејзин стратешки партнер. - Зелената агенда се надоврзува на транзицијата на чиста енергија и треба да биде нов пристап во регионот, претворајќи ги предизвиците во можности. Охридскиот регион е најдобар пример за природно и културно наследство, нешто што е празник за очи и основа за раст. И животната средина и културното наследство имаат универзална вредност за нас како поединци, заедници и општества. И затоа мора да се заштити, за нас и за генерациите што доаѓаат, истакнал Гир. сс/сст/

Остани поврзан