• недела, 22 декември 2024

ЕУ и донираше на Албанија 20.000 тестови за Ковид-19

ЕУ и донираше на Албанија 20.000 тестови за Ковид-19
Тирана, 21април 2020 (МИА) – Европската унија и донираше 20.000 тестови на Албанија за Ковид-19, информираше амбасадорот на мисијата во ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца. Сореца  во објава на Фејсбук наведува дека овие тестови се заради поквалитетна анализа и додава дека „ЕУ стои покрај Албанија“. - 20.000 тестови ќе бидат на располагање на Институтот за јавно здравје во Тирана. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија, посочува Сореца. Според последните информации од Институтот за јавно здравје, во Албанија регистрирани се 609 заразени од Ковид -19, од нив оздравени се 345, додека починати 26 лица. Од почетокот на март до сега се тестирани 6.017 сомнителни случаи  на Ковид-19. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 40 пациенти, што е за четворица помалку споредено со вчера. Од нив 10 пациенти се на интензивна нега. вт/

Остани поврзан