• петок, 05 декември 2025

„ЕУ за чист воздух” – координативен состанок за реализација на проектот во Куманово

„ЕУ за чист воздух” – координативен состанок за реализација на проектот во Куманово

Куманово, 13 август 2025 (МИА) - Седум објекти во Куманово до крајот на 2025 година ќе бидат приклучени на гасификациската мрежа, како дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, информираа денеска од општина Куманово. Денеска се одржа работната средба за текот на активностите на иницијатива на секретарот на Општината, Емилија Сларидис Јаневска, координаторот на проектните активности, Донка Петровска, и директорот на ЈП „Куманово гас“, Марко Митровски. На состанокот присуствуваа и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, како и претставници на институциите чиј приклучок е предвиден во оваа фаза.

Од општина Куманово, информираат дека градежните активности веќе се во тек и се очекува да завршат до крајот на годината. Гасификацијата ќе ги опфати основни училишта, „Толи Зордумис“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ кои користат една зграда, еден објект и „Панче Пешев“, како и четири јавни институции-Центар за социјални работи, Центар за вработување, СВР Куманово и Основниот суд.

Претходно, во рамки на проектот беа гасифицирани средното училиште „Наце Буѓони“ и Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

Придобивки од овој проект ќе имаат сите институции, кои се вклучени во процесот на гасификација. Со замена на системите за затоплување од лесно масло на природен гас, ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето, а воедно институциите заштедат и средства.

Проектот „ЕУ за чист воздух“ е финансиран од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош. Потписник на програмата е канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS). Во рамка на овие активности, Општина Куманово соработува и има значајна поддршка од ЈП „Куманово гас“ и ЈП „Чистота и зеленило“. ам/ац/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан