• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ ги принудува тешките товарни возила и автобусите да ги намалат емисиите на CO2

ЕУ ги принудува тешките товарни возила и автобусите да ги намалат емисиите на CO2

Брисел, 17 јануари 2024 (МИА ) - Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ денеска се договорија да се намали дозволената емисија на јаглерод диоксид од моторите на тешките товарни возила и да воведат општа одредба за „нулта емисија“ за градските автобуси со цел борба против климатските промени.

Емисиите на гас од тешките возила продадени од 2030 година мора да се намалат за најмалку 45% во споредба со 2019 година, а потоа да се намалат за 65% во 2035 година и 90% во 2040 година, според текстот одобрен од европратениците.

Новите регулативи поставија специфична цел за градските автобуси да бидат 100% нулта емисија од 2035 година, односно намалување од 90% во 2030 година.

ЕУ, која има за цел да биде јаглеродно неутрална до 2050 година, веќе го одобри крајот на продажбата на нови патнички автомобили со мотори со внатрешно согорување во 2035 година. зш/

Остани поврзан