• понеделник, 24 јуни 2024

Еурофарм Пелистер го освои ракометниот Суперкуп

Еурофарм Пелистер го освои ракометниот Суперкуп
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Суперкуп на Македонија откако вечерва  го совлада Вардар со 31-22. Вардар тргна подобро и на почетокот од натпреварот имаше предност, меѓутоа битолчани успеаја да останат во мала негатива која што на полувремето ја изедначија на 14-14. Тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност во второто полувреме и со многуте одбрани на голманот Секељ успеа да дојде до убедливо водство кое ги однесе до победа. Ова е прв трофеј за Еурофарм Пелистер со кој се прекинува долгогодишната традиција на Вардар како освојувач на купот. Натпреварот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, а правдата ја делеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. ар/сп/

Остани поврзан