• понеделник, 25 ноември 2024

ЕТУИ: Недостигот на работна сила во ЕУ, резултат на ниските плати 

ЕТУИ: Недостигот на работна сила во ЕУ, резултат на ниските плати 

Брисел, 29 јуни 2023 (МИА) - Недостигот од работна сила во ЕУ се зголемува, но тоа е повеќе последица на ниските плати и лошите услови за работа отколку на недоволните квалификации на работниците, покажува новата студија на Европскиот синдикален институт (ЕТУИ). 

-Огромниот недостиг на работници не е само прашање на вештини... Проблемот е да се најдат луѓе подготвени да ги работат овие тешки работи за толку ниски плати и во толку лоши услови, изјави истражувачот и автор на студијата на ЕТУИ Ваутер Цвизен.

Наодите од истражувањето укажуваат на потребата да се зголеми колективното договарање и да се подобрат платите и работните услови, како и вештините на работниците, доколку Европа сака да стави крај на недостигот на работна сила.

Претставниците на европските синдикати веќе укажаа на фактот дека во 2022 година реалните плати во половина од земјите-членки на ЕУ паднаа и покрај растот на реалниот профит.

Според авторот на студијата, во актуелната криза мора да се поддржат и работниците и компаниите, но важно е да се искористи можноста за подобрување на животот на работниците и да не се држат во лоши услови и со ниски плати.

Значително подобрување, според авторот на студијата, може да донесе директивата за минимална плата, особено преку воведување колективни договори за сите работници. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан