• недела, 22 декември 2024

Ерменија објави примирје со Азербејџан со посредство на Русија

Ерменија објави примирје со Азербејџан со посредство на Русија
Ереван, 16 ноември 2021 (МИА) - Ерменија вечерва објави дека со Азербејџан е договорено примирје со „посредство“ на Русија, по целодневниот конфликт меѓу армиите на двете земји во близина на спорната област на Нагорно-Карабах. „Со посредство на руската страна е постигнат договор за прекин на престрелките на источната граница на Ерменија од 18.30 часот (15.30 часот по средноевропско време)“, соопшти ерменското Министерство за одбрана. Министерството додаде дека ситуацијата е релативно стабилизирана и додаде дека во денешните судири загинал еден ерменски војник. Ерменското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Ерменија претрпе човечки загуби во борбите што се водеа против Азербејџан во близина на Нагорно Карабах, како и дека изгубила контрола врз две воени позиции. сд/

Остани поврзан