• недела, 22 декември 2024

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Ереван, 22 април 2024 (МИА) - Адвокатите кои ја застапуваат Ерменија побараа од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го отфрли обвинението на Азербејџан за етничко чистење во Нагорно-Карабах.

Азербејџан поведе постапка пред Меѓународниот суд на правдата во 2021 година за случајот, помалку од една недела откако Ерменија започна спор против Азербејџан за војната во Нагорно-Карабах во 2020 година во која загинаа повеќе од 6.600 луѓе.

Азербејџан минатата недела побара од Судот да го одбие барањето на Ерменија.

Во врска со обвинението за Азербејџан, Ерменија ја оспорува јурисдикцијата на судот на ОН со седиште во Хаг.

Нагорно-Карабах е на територијата на Азербејџан, но беше под контрола на ерменските бунтовници поддржани од Ереван од 1994 година до минатата година, кога Азербејџан ја презеде контролата.

Во азербејџанската офанзива минатата година, мнозинството од ерменското население на таа територија, кое тогаш изнесуваше околу 120.000, беше протерано. ссм/

фото: архива

Остани поврзан