• четврток, 21 ноември 2024

Ереван ги обвинува азербејџанските сили дека пукале во возило со храна, Баку демантира

Ереван ги обвинува азербејџанските сили дека пукале во возило со храна, Баку демантира

Ереван, 2 октомври 2023 (МИА) - Ерменското Министерство за одбрана денеска ја обвини азербејџанската армија дека „отворила оган“ од малокалибарско оружје врз возило што превезувало храна за ерменските сили во пограничниот регион, што Баку веднаш го демантираше.

Министерството за одбрана на Азербејџан „остро ја отфрли“ оваа информација преку соопштение.

Азербејџан неодамна започна воена операција во Нагорно Карабах, која заврши по 24 часа со договор со Ерменците да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на таа отцепена територија во Азербејџан.

Нагорно Карабах е населен главно со Ерменци и е причина за две војни меѓу Ерменија и Азербејџан.

Ерменските власти соопштија дека повеќе од 100.000 луѓе, од вкупно 120.000, го напуштиле Нагорно Карабах од последното примирје. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан