• недела, 22 декември 2024

Ердоган ја повика опозицијата да го почитува „демократското пребројување на гласовите“

Ердоган ја повика опозицијата да го почитува „демократското пребројување на гласовите“

Анкара, 14 мај 2023 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја повика опозицијата да избегнува да извлекува „избрзани“ заклучоци додека е во тек она што тој уверува дека е „демократско“ пребројување на гласовите.

- Секоја прерана проценка ќе значи ограбување на волјата на нацијата, напиша тој на Твитер, одговарајќи на забелешките од опозицијата дека водат според првичните резултати.

Тој им се заблагодари на своите поддржувачи и побара од луѓето ангажирани околу гласачките кутии да не ги напуштаат местата додека не се добие дефинитивен резултат.

- Им честитам на сите мои граѓани кои гласаа во име на демократијата и учествуваа во изборите и изразувам благодарност до секој од нив, напиша Ердоган. јт/

Фото: Твитер

Остани поврзан