Ербас ја откажа нарачката од Катар ервејс за 50 авиони поради судски спор
- „Ербас“ презеде вонреден чекор за откажување на нарачката за 50 авиони на „Катар ервејс“, нејзиниот главен клиент, поради проблемот околу приземјувањето на авиони А350 на авиокомпанијата.
Лејден, 21 јануари 2022 (МИА) - „Ербас“ презеде вонреден чекор за откажување на нарачката за 50 авиони на „Катар ервејс“, нејзиниот главен клиент, поради проблемот околу приземјувањето на авиони А350 на авиокомпанијата.
Катарската компанија, еден од „трите големи“ превозници во регионот на Заливот, приземји дел од својата флота авиони А350 поради влошување на надворешните површини на трупот.
Авиокомпанијата го предаде спорот до Врховниот суд во Лондон и престана да прифаќа понатамошни испораки на авиони од европската компанија додека не се реши проблемот.
Портпаролот на „Ербас“ изјави дека производителот на авиони го „раскинал“ договорот со „Катар ервејс“ за 50 авиони. Вредноста на нарачката беше 6 милијарди долари по каталошка цена, иако авиокомпаниите обично плаќаат помалку за големи набавки.
Двете компании го одржаа своето прво судско рочиште во четвртокот. „Катар ервејс“ побара отштета од 618 милиони долари, како и уште четири милиони долари дневно за секој ден што А350 ќе остане неискористен.
„Ербас“ соопшти дека ги откажал нарачките за А321нео бидејќи „Катар ервејс“ не ги исполнил своите договорни обврски со одбивањето да прифати испораки на авионите А350. паг/