• петок, 22 ноември 2024

Ербас најави затворање на поголем број погони во Шпанија

Ербас најави затворање на поголем број погони во Шпанија
Мадрид, 31 март 2020 (МИА) - Европскиот производител на авиони Ербас најави дека до 9 април ќе затвори најголем дел од своите производствени капацитети во Шпанија поради пандемијата со Ковид-19. - Обезбедувањето, ИТ и инженерскиот сектор ќе останат активни заедно со клучните позиции кога станува збор за комерцијалните летови, хеликоптери и одбрана, се наведува во соопштението на Ербас. Таквата мерка уследи само една недела по паузата во производството, што компанијата го искористи да ги имплементира неопходните здравствени и безбедносни мерки. Ербас исто така го намали производството на крила во погоните во Бремен, во Фултон и во Бротон. ми/

Остани поврзан