• недела, 22 декември 2024

Енергетските ресурси се користат како оружје против нашата земја, вели молдавската претседателка Маја Санду

Енергетските ресурси се користат како оружје против нашата земја, вели молдавската претседателка Маја Санду
Кишињев, 27 октомври 2022 (МИА) -  Енергетските ресурси се користат како оружје против нашата земја и нашата млада демократија. Ова го изјави молдавската претседателка Маја Санду по средбата со шефот на бугарската држава Румен Радев, одржана во претседателската палата во Кишињев. Санду истакна дека земјата е во енергетска криза, која е најлоша од независноста на земјата. Таа го поздрави договорот склучен претходно денеска за пристап и транспорт на природен гас преку гасопреносниот систем на „Булгартрансгаз“, под кој потпишаа шефовите на операторите за пренос на гас од двете земји. - Со ова ќе можеме да ги диверзифицираме нашите извори на природен гас. Ќе можеме да ја поврземе националната мрежа за пренос на гас со другите системи од Централна и Југоисточна Европа, рече Санду. Единството на ниво на секоја земја, но и на целиот европски континент, денес е многу важно за да се одговори одлучно на руската војна против Украина, додаде молдавската претседателка. Таа посочи дека Молдавија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и не ја признава анексијата на нејзините територии, нарекувајќи ја нелегална. ссм/

Остани поврзан