• петок, 22 ноември 2024

Ембид се врати од повредата и постигна трипл-дабл во победата над Чикаго

Ембид се врати од повредата и постигна трипл-дабл во победата над Чикаго

Филаделфија, 3 јануари 2024 (МИА) - Џоел Ембид ноќеска постигна трипл-дабл во победата над Чикаго. Центарот на Сиксерс закрепна по повредата на десниот скочен зглоб поради која мораше да пропушти четири натпревари.

Актуелниот МВП во НБА-лигата имаше 31 поен, 15 скока и 10 асистенции за 31 минута. Неговиот тим победи со резултат 110:97.

Ова е втор трипл-дабл за Ембид сезонава и седми во кариерата. Тој сега има пет трипл-дабл со 30 или повеќе поени, надминувајќи го Чарлс Баркли (4) за второ место во историјата на 76ерс зад Вилт Чембрлен (15).

Ембид ја продолжува својата серија на натпревари во кои постигнува најмалку 30+10 (14 натпревари). Во историјата на НБА, само Карим Абдул-Џабар (16) и Чембрлен (7) имаат повеќе. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан