• вторник, 05 ноември 2024

ЕМА ќе се изјасни за вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон

ЕМА ќе се изјасни за вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон
Амстердам, 20 април 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе го објави своето мислење за вакцината против Ковид-10 на Џонсон и Џонсон, чија употреба е привремено суспендирана во САД и во Европа поради појава на тромбоза. Здравствените власти на САД на 13 април ја стопираа имунизацијата со Џонсон и Џонсон откако кај шест жени на возраст од 18 до 48 години по вакцинацијата се појави згрутчување на крвта, а едно лице почина. Медицинскиот советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, во неделата изјави дека вакцината на Џонсон и Џонсон повторно ќе се употребува но со можни ограничувања.. Тој истакна дека згрутчувањето на крвта е многу ретка појава и објасни дека вакцинацијата е привремено прекината, за експертите да можат да ја разгледаат ситуацијата и да се осигурат дека ги имаат сите потребни информации. ми/

Остани поврзан