• петок, 22 ноември 2024

Ема Стоун стана мајка

Ема Стоун стана мајка
Лос Анџелес, 30 март 2021 (МИА) - Глумицата Ема Стоун го роди своето прво дете, со нејзиниот сопруг Дејв Меккари. Девојчето се родило на 13 март во Лос Анџелес, како што објави списанието „Ел“ и тамошните медиуми. Актерката и нејзиниот сопруг сѐ уште не ја потврдиле веста. Ема Стоун се омажи за Дејв Меккари во септември лани, девет месеци по свршувачката. Тие двајцата не сакаат да откриваат подробности за нивниот личен живот. Се запознале 2016 година, кога глумицата гостуваше во емисијата „Во сабота навечер, во живо“. Покрај тоа што е режисер, Дејв е и комичар и сценарист. Нивната врска започна во 2017 година. Следниот филм каде што нејзините обожаватели ќе ја видат е „Круела“ во насловната улога на негативката од „101 далматинец“. Филмот ќе излезе на 28 мај. Ема Стоун, инаку, има добиено и Оскар за најдобра главна женска улога, за мјузиклот „Ла-Ла Ленд“.  си/

Остани поврзан