• понеделник, 23 декември 2024

Елтон Џон и Мајкл Кејн во реклама за охрабрување на вакцинацијата против Ковид-19

Елтон Џон и Мајкл Кејн во реклама за охрабрување на вакцинацијата против Ковид-19
Лондон, 10 февруари 2021 (МИА) - Двајца од можеби најпознатите британски уметници, пејачот Елтон Џон и глумецот Мајкл Кејн ги здружија силите за комична реклама, со цел охрабрување на своите обожаватели да се вакцинираат против Ковид-19. Во рекламата Џон (73), го пародизира својот раскошен углед, а Кејн (87) се потсмева сам себе повторувајќи го славниот слоган што го користат безброј негови имитатори - „Не многу луѓе го знаат тоа“... Велика Британија досега ги достави првите дози на вакцината на повеќе од 12,6 милиони луѓе и е на добар пат, до 15 февруари да ја постигне целта од 15 милиони вакцинирани од четирите главни приоритетни групи - вклучително и оние луѓе над 70 години. Сепак, постои загриженост дека некои луѓе ќе избегнуваат вакцина поради дезинформациите и теориите на заговор. Во рекламниот спот, Елтон Џон се преправа дека е на аудиција за улога во рекламата. Жирито притоа го критикува за неговите актерски способности и оти бил „премногу шоубиз“, а пејачот потоа го имитира Кејн. Потоа ги убедува дека ја примил вакцината, па запева една од неговите хит-песни, „I'm Still Standing" (Јас сè уште стојам), на што режисерот му вели - „Благодарам, Елтон, ќе ти се јавиме“.  си/ https://youtu.be/CjzZOM6kGZg

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан