• петок, 05 декември 2025

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Лондон, 1.јули 2025 (МИА) - Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка. 

Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот. Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот направи брејк, а до крајот на сетот во уште два наврати го одзема гемот на сервис на ривалката.

Во второто коло противничка на Јастремска ќе и биде квалификантката Анастасија Захарова.    мн/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан