• понеделник, 23 декември 2024

Елизабет Харли повика на заштита на природата

Елизабет Харли повика на заштита на природата
Лондон, 23 април 2020 (МИА) - По повод Денот на планетата Земја, Елизабет Харли ги почести своите следачи на Инстаграм со разголена фотографија. Покрај неа, глумицата повика да се поддржи организацијата „Space for Giants” (Простор за џиновите), со седиште во Кенија, која се залага за заштита, пред сѐ - на африканската дивина и природната околина. „Честит Ден на Земјата. Уништувањето на животната средина и незаконската трговија со диви животни доведуваат до смртоносни пандемии. Подржете ја @spaceforgiants и нивната кампања #AHealthyEarth (За здрава Земја), заради заштита на природата и сиот живот на планетата“, порача Харли под сликата.  си/ми/

Остани поврзан