• понеделник, 23 декември 2024

Електронското и печатеното издание на Службен весник од утре со еднаква правна важност

Електронското и печатеното издание на Службен весник од утре со еднаква правна важност
Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - Од утре стапуваат во примена одредбите од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија кои се однесуваат на електронското и на печатеното издание на ова гласило. Во нив е пропишано дека електронското и печатеното издание на Службениот весник на РСМ ќе имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност. - Доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание, соопшти ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. Во согласност со измените, законите и другите прописи се објавуваат во печатеното и во електронското издание на Службениот весник, кое содржи електронски потпис и печат, со што се гарантира неговата идентичност и автентичност со печатеното издание и е објавено на веб-страницата на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен во Службениот весник бр. 21 од 27 јануари 2021. хс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан