• петок, 05 декември 2025

„Електродистрибуција“ инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

„Електродистрибуција“ инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Скопје, 25 септември 2025 (МИА) - Дистрибутивниот систем оператор - „Електродистрибуција“, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво, се наведува во денешното соопштение.

- Преку овие инвестиции, „Електродистрибуција“ обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните, се истакнува во соопштението.

Се потенцира дека континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем.

- Посветеноста на „Електродистрибуција“ во создавањето на модерна и ефикасна дистрибутивна мрежа, е, од посебна важност. Со тоа се овозможува сигурно и непречено снабдување на корисниците и е темел за идниот економски развој на земјата, се нагласува во соопштението. бд/са/

Фото: Соопштение

Остани поврзан