• недела, 22 декември 2024

Електрични автомобили во грчкиот Парламент

Електрични автомобили во грчкиот Парламент
Атина, 14 февруари 2020 (МИА) - Првиот електричен автомобил пристигна во грчкиот Парламент и го прими и презентираше претседателот Констанинос Тасулас, кој рече дека „Парламентот влегува во нова ера”, истакнувајќи дека веќе 26 пратеници нивните службени возила ги заменуваат со електрични автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. - Првпат, службите во Парламентот и пратениците дoбиваме службени електрични автомобили со нула еколошки последици, нула влијание врз животнаа средина, рече претседателот на грчкиот Парламент и истакна дека елеkтричните возила се удобни. Конкретниот електричен автомобил што го презентираше Тасулас, како што соопштуваат од грчкиот Парламент, е со 136 коњски сили, воопшто не ја загадува околината, не прави бучава, со едно полнење може да помине до 250 километри, а трошокот е околу 2,5 евра на 100 километри. ср/гт/

Остани поврзан