• вторник, 03 септември 2024

Елези: Фарски острови е многу незгоден ривал, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат

Елези: Фарски острови е многу незгоден ривал, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија ги започна подготовките за новата сезона во Лигата на нации, a прв натпревар за нашата најдобра селекција е Фарски Острови. 

Фудбалерот на Бохум, Агон Елези вели дека целта за Македонија е првото место во групата.  

-Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално спремни и се желни за добар резултат. Во модерниот фудбал нема добиени натпревари пред време. Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме. Но, тоа треба да го покажеме на теран, изјави Елези. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан