• понеделник, 25 ноември 2024

Експерт предупредува дека германскиот соларен енергетски сектор е силно зависен од Кина

Експерт предупредува дека германскиот соларен енергетски сектор е силно зависен од Кина
Берлин, 6 август 2022 (МИА) - Соларниот енергетски сектор во Германија не може да функционира без увоз од Кина, истакна Волкер Квашнинг, професор на Берлинскиот универзитет за применети науки. - Доколку снабдувањето биде прекинато, од која било причина, тоа ќе има директно влијание врз понатамошниот успех на енергетската транзиција, посочи Квашнинг, пренесува ДПА. - Ако Кина го нападне Тајван, тогаш германската енергетска транзиција одреден период ќе биде стопирана, предупреди експертот за обновлива енергија. - Во однос на експанзијата на соларната енергија, во моментов сме повеќе од 90 отсто зависни од увозот на соларни модули од азиските земји, рече Квашнинг за ДПА. Постојат дополнителни зависности, на пример, во увозот на компјутерски чипови за соларни инвертери. Карстен Керниг, извршен директор на Германското здружение за соларна индустрија (BSW), предупреди дека обновата на германската и европската соларна индустрија е од големо значење со цел да стане поотпорна при глобалните кризи. - Условите за ренесанса на европската соларна индустрија веќе се значително подобрени, оцени Керниг. - Зголемувањето на автоматизацијата значително го намали уделот на трошоците за работна сила, а во исто време транспортните трошоци стануваат сè поважни. ссм/

Остани поврзан