• четврток, 14 ноември 2024

Експерти: Поради коронавирусот ќе се намали бројот на браковите и популацијата, луѓето ќе бидат поосамени

Експерти: Поради коронавирусот ќе се намали бројот на браковите и популацијата, луѓето ќе бидат поосамени
Лос Анџелес, 24 октомври 2020 (МИА) - Психолошките последици од пандемијата на коронавирусот ќе влијаат на луѓето на начин што ќе се родат помалку деца во блиска иднина и луѓето ќе бидат поосамени, предвидуваат експерти од САД. Експертите прегледале 90 студии за да предвидат што го чека човештвото по пандемијата на коронавирус. - Колку подолго трае пандемијата, толку полоши ќе бидат последиците, рече Марти Хаселтон, психолог од универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес. Прогнозите не се ветувачки, бидејќи ќе се намали бројот на браковите, што ќе влијае на намалувањето на популацијата на одредени земји, објави „Дејли меил“. Падот на бројот на новороденчиња ќе влијае на општеството и економијата, а со тоа ќе влијае на работните места и поддршката на постарата популација. Експертите предвидуваат дека нееднаквата поделба во домашните обврски поради карантинот ќе доведе до поголема родова нееднаквост и ќе поттикне поголем социјален конзервативизам. Тие нагласуваат дека на многу начини „пандемијата ќе стане глобален социјален експеримент“, а резултатите допрва треба да се видат, пишува „Дејли меил“.

Остани поврзан