• недела, 22 декември 2024

Еко-свест со нов повик за доделување грантови за локални климатски акции

Еко-свест со нов повик за доделување грантови за локални климатски акции

Скопје, 12 ноември 2024 

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, финансиран од Владата на Шведска, објавува ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ за граѓански организации.

Живееме во време кога урбаното зеленило се губи на сметка на масовен развој на инфраструктурата, меѓутоа уште поголем предизвик е прилагодување на нашите живеалишта на екстремните временски услови кои се очекува и да се влошат. Создавање на инфраструктура за справување со поплави, топлотни бранови и суша може да биде многу скапа инвестиција, меѓутоа соодветно планирање и користење на постоечка природна инфраструктура може да ги намали трошоците.

Приоритетните теми на овој повик се содавање на зелена инфраструктура во урбани средини и нејзината поврзаност со климатски промени, природа и биодиверзитет и отпорност на климатски промени. Особено важно за овој повик е и создавање партнерства и соработка со државни и други институции и општини, бизниси и други чинители кои ќе го забрзаат решавањето на локалните предизвици поврзани со климатските промени.

„Преку грантовите сакаме да делуваме на помагање на остварувањето на климатските цели зацртани со долгорочната стратегија за климатска акција, но и визуелно да им се доближи на граѓаните што значи прилагодување кон новонастанатите климатски услови и создавање на заедници отпорни на последиците од климатските промени.“- изјави Стојан Лешоски, координатор за грантови од Еко-свест

На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите. ГО кои веќе биле корисници на грант во склоп на оваа програма не можат да добијат втор грант.

Ќе бидат доделени до 2 грантови. Вредноста на одбрен грант не смее да надмине 900.000,00 денари. Рокот за поднесување на пријавите преку електронската платформа е до 19.11.2024 година до 12:00 часот. Повеќе информации за повикот како и условите за пријавување може да се најдат на www.ekosvest.com.mk.

 

Фото:  Еко-свест

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан