• сабота, 21 декември 2024

Економските политики ја зголемија предноста на СДСМ од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев

Економските политики ја зголемија предноста на СДСМ од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев
Скопје, 13 мај 2020 (МИА) - СДСМ има шест отсто предност пред ВМРО-ДПМНЕ со тенденција на зголемување до осум проценти, покажуваат анкетите на партијата на власт. Претседателот на владејачката партија Зоран Заев вечерва на емисијата Топ тема рече дека аналитичарите од СДСМ правеле анкета преку релевантна агенција и дека високиот рејтинг на СДСМ, се должи на исправните економски мерки. -Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот, истакна Заев. Тој објасни дека СДСМ ќе практикува нов метод на изборна кампања. -Граѓаните не познаваат, но сепак е важна кампањата, програмата и кадрите кои ќе се понудат. Нема да можеме класични митинзи секако, но може мали собири, со граѓани на дистанца, еве имаме пример во Германија, како граѓаните беа на собир со дистанца. Ние ќе користиме видео стриминг од нашите простории со носителите на листите. Така ќе ја преставиме програмата пред гласачите и секој ќе може тоа да го следи. Настапи ќе имаат и другите кандидати. Имаме алтаки кои ќе ги користиме. Можеме и со принципот од врата на врата, појасни Заев. бк/ац/

Остани поврзан