Екологисти од Неготино посадија дрвца
- Екологисти од Неготино садат дрвца „гинкго билоба" на повеќе локации, информираа вечерва од регионалното здружение „Ековита".
![Екологисти од Неготино посадија дрвца](https://mia.mk/images/20221112155055_big_730x400_70.webp )
Неготино, 25 март 2022 (МИА) - Екологисти од Неготино садат дрвца „гинкго билоба" на повеќе локации, информираа вечерва од регионалното здружение „Ековита".
- Изминативе денови посадивме повеќе вакви дрвца. Денеска е посадена една садница во кругот на градската болница, следните денови се планира акција за садење во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи", во дворот на ООУ „Страшо Пинџур" и СОУ „Свети Кирил и Методиј", појасни Сашко Тодоров, претседател на здружението.
![садење дрвца 1](/articles/images/%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0/CM8Jyy2m4/placeholder.webp?use_watermark=0)
Тодоров, кој е дипломиран инженер по биологија, рече дека еко-акцијата се спроведува од „Ековита", а ангажманот на екологистите е поддржан преку проектот „ Граѓанските организации во акција за климатските промени’’.
-Проектот е финансиран од Шведската меѓународна агенција за соработка и развој–Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина ,,Еко-свест" Скопје, Македонското здружение на млади правници и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП, информираше Тодоров.свд/фф/