• петок, 22 ноември 2024

„Ековита“: Засадени над 50 гинко дрвца во дворови на јавни објекти во Неготино 

„Ековита“: Засадени над 50 гинко дрвца во дворови на јавни објекти во Неготино 
Неготино, 1 јуни 2022 (МИА) - Засадени се над 50 гинко дрвца во дворови на неготински јавни објекти, во еколошката акција која се реализираше изминативе денови, информираа денеска од регионалното здружение „Ековита“ од Неготино. -Станува збор за долговечното и лековито дрво „ginkgo biloba“, а во подготовка се над 100 млади едногодишни садници, кои планираме да ги посадиме наредните години, соопшти претседателот на здружението, Сашко Тодоров. Тој нагласи за МИА, дека со акцијата се зголемува еколошката свест, а децата кои учествуваа во активностите, се поттикнуваат од мали нозе да се грижат за природата, да ја чуваат и негуваат. На младите активисти, им беше поделен чај од листови гинко, подготвен на соларна печка што ја поседува здружението. - Садниците се донација од Томе Стојанов, благодарение на неговата хуманост Неготино ќе го направиме град со најголем број гинко садници, рече Тодоров, кој е дипломиран инженер биолог. Тодоров е регионален координатор за Вардарски регион на Коалицијата за клима, чиј ангажман е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. свд/вј/  

Остани поврзан