Еко-акција за собирање стакло во Драчево
- Во текот на минатиот викенд во населбата Драчево се одржа еко-акција за собирање стаклени амбалажи, организирана од Пакомак.

Скопје, 31 март 2021 (МИА) – Во текот на минатиот викенд во населбата Драчево се одржа еко-акција за собирање стаклени амбалажи, организирана од Пакомак.
Наместо на пунктови, жителите ги оставаа шишињата и теглите на тротоар, а комбе на Пакомак ги подигаше од пред секоја куќа.
Дел од учениците и професорите од средното училиште „Браќа Миладиновци“ неколку дена претходно поделија информативни летоци во сите куќи, со што вклучија поголем број жители во акцијата.
- Одзивот на нашите сограѓани беше нависина еколошки, а акцијата повеќе од успешна. Собрани беа тон и половина стаклена амбалажа. Дополнително, кај три семејства, поради поголемо количество, беше закажан дополнителен термин на собирање. И најважно од се, топлиот прием и позитивните коментари на граѓаните посебно не мотивираат да продолжиме со нашата единствена цел, да го направиме нашето заедничко место на живеење поубаво и еколошко чисто опкружување, велат од Пакомак.
Како знак на благодарност, Пакомак им подари на сите учесници семиња од цвеќе. ки/ац/