• понеделник, 10 март 2025

Еклстоун ја продаде својата колекција ретки автомобили

Еклстоун ја продаде својата колекција ретки автомобили

 

Лондон, 7 март 2025 (МИА) – Поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстоун, ја продаде својата голема колекција на ретки болиди на наследникот на Ред Бул, Марк Матешиц за необјавена сума, пренесуваат британските медиуми.

Според истите извори, ретката колекција автомобили која досега беше во сопственост на Еклстон е проценета на 500 милиони фунти.

Матешиц (32) е син на починатиот австриски милијардер Ред Бул Дитрих, кој беше личен пријател на Еклстоун.

Колекцијата од 69 болиди датира од почетокот на шампионатот во Формула 1 во 1950 година и вклучува болиди со кои на Ф1 трките се натпреваруваа поранешните шампиони Алберто Аскари, Мајк Хоторн, Ники Лауда, Нелсон Пике и Михаел Шумахер.

„Заминаа во добар дом, што е вистинската работа во која сакав да се уверам“, изјави 94-годишниот Еклстоун.

„Ќе ги изложат некаде, во музеј за луѓето да можат да ги погледнат што досега не можеа да го сторат. Повеќе од среќен сум што отидоа таму“, додаде Еклстоун. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан