• четврток, 04 декември 2025

Езе пред трансфер во Тотенхем

Езе пред трансфер во Тотенхем

 

Лондон, 18 август 2025 (МИА) – Напаѓачот на Кристал Палас, Еберечи Езе (27), е на чекор до трансфер во Тотенхем, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, преговорите се влезени во последна фаза, а лондонски Тотенхем, наводно, е подготвен да понуди 60 милиони евра плус седум милиони евра во бонуси.

Англискиот напаѓач Езе минатата недела го информираше раководството на Палас дека сака да се приклучи на проектот на Тотенхем со цел да се забрза договорот меѓу двата клуба.

Езе пристигна во редовите на Палас во 2020 година од Квинс Парк Ренџерс за 20 милиони евра и постигна 39 голови ма 167 настапи за лондонскиот клуб.

Британските медиуми објавуваат дека Палас веќе почнал да бара негова замена, а најмногу се зборува за Христос Цолис од Клуб Бриж и Билал Ел Канус од Лестер. ег

ФОТО:

Остани поврзан