• петок, 20 декември 2024

Ед Ширан најбогата британска ѕвезда под 30 години

Ед Ширан најбогата британска ѕвезда под 30 години
Лондон, 2 ноември 2021 (МИА) - Добитникот на Греми пејачот Ед Ширан е прогласен за најбогата британска ѕвезда под 30 години, со своите 278 милиони евра. Песната „Shape of You“ е најстримуваниот негов сингл, а тој ја има и турнејата со најголема заработка на сите времиња. Ширан, инаку, неодамна го објави својот нов албум, „Equals“. Со вкупно богатство проценето на 236,5 милиони фунти, пејачот Ед Ширан третпат ја задржува својата круна на најбогатата британска славна личност помлада под 30 години. Втората најбогата славна личност по Ширан е англискиот пејач и текстописец Хари Стајлс, чие вкупно богатство се проценува на 94 милиони евра. На третото место на листата е женската група „Литл микс“, четврти е Најл Хоран, а петта е глумицата Кара Делевињ. Други попознати личности на листата за 2021 година се Луис Томлинсон и Лијам Пејн, и двајцата проценети на 47 милиони фунти (55 милиони евра), Дуа Липа (43,5 милиони фунти), Зејн Малик (38 милиони фунти) и Сем Смит со 36,8 милиони фунти. Некои од најбогатите ѕвезди вон Обединетото Кралство се Кајли Џенер, која го зазеде првото место со 773 милиони фунти (1,05 милијарди долари), а потоа следи и пејачот Џастин Бибер со 347 милиони фунти. На листата на најбогати британски спортистки на прво место е велосипедистката Лора Кени со 4,7 милиони фунти, а по неа е шампионката на Ју-ес опен Ема Радукану со 4 милиони фунти.  си/

Остани поврзан