• недела, 22 декември 2024

Ед Ширан и Камила Кабело меѓу настапувачите на добротворниот Концерт за Украина

Ед Ширан и Камила Кабело меѓу настапувачите на добротворниот Концерт за Украина
Бирмингем, 21 март 2022 (МИА) - Групата „Сноу патрол“, Ед Ширан, Камила Кабело, Емели Санде и Грегори Портер се првите уметници најавени за Концертот за Украина - двочасовен настан за собирање пари и средства за добротворни цели во Украина, закажан за наредниот вторник - 29 март. Како што беше најавено минатата недела, „ИТВ“, „СТВ“ и „Лајввајер пикчрс“ се здружија со Комитетот за итни случаи при катастрофи (ДЕЦ) и групацијата „Медија ентертејнмент глобал“ за тековниот Хуманитарен апел на ДЕЦ Украина. Добротворниот концерт ќе се одржи во „Ресортс ворлд арена“, во Бирмингем, Велика британија. Билетите ќе бидат пуштени во интернет-продажба утре (вторник, 22 март). Дополнителни податоци за настапувачите ќе бидат објавени во наредните денови. Сите приходи од гледачите, како и спонзорствата и рекламирањето - од каде што се очекува да се соберат најмалку 3 милиони фунти, ќе одат во донации. Преносот ќе ги комбинира музичките изведби со куси видеоснимки за војната во Украина. Гледачите ќе можат да даруваат пари во текот на целата вечер.  си/

Остани поврзан