• петок, 22 ноември 2024

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот кон преминот Богородица

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот кон преминот Богородица

Струмица, 3 јули 2024 (МИА) - Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица.

Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26)  од село Стојаково, исто така од Општина Богданци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар. Другиот возач, С.А., се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, стои во соопштението на СВР Струмица.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гевгелија. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан