• недела, 22 декември 2024

Еднократна парична помош за секое новороденче во Општина Илинден

Еднократна парична помош за секое новороденче во Општина Илинден
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на општината. - Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка на младите родители, a со оваа мерка ќе се влијае и на зголемување на природниот прираст на населението, информираат од општинската прес-служба. Од општината посочуваат дека потребните документи за аплицирање ќе бидат наведени во Барањето за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденче, кое ќе биде прикачено на официјалната веб-страна на општината и ќе може да се подигне од Архивата на Општина Илинден. фф/дма/

Остани поврзан