• петок, 05 декември 2025

Една победа ја дели Оклахома од трофејот во НБА-лигата

Една победа ја дели Оклахома од трофејот во НБА-лигата

Оклахома Сити, 17 јуни 2025 (МИА) – Екипата на Оклахома ноќеска ја совлада Индијана и поведе во финалето на НБА плејофот.

Тандер славеа со 120:109 на домашен терен во петтиот натпревар од финалната серија и сега водат со 3:2.

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше напаѓачот на домаќините Џејлен Вилијамс, кој постигна 40 поени, Шеј Гилџеус-Александер направи дабл-дабл - 31 поен и 10 асистенции.

Следниот натпревар ќе се одржи в петок во Индијанаполис. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан