• сабота, 23 ноември 2024

Една кокошка стана хит во САД- „уапсена“ во заштитениот простор на Пентагон

Една кокошка стана хит во САД- „уапсена“ во заштитениот простор на Пентагон
Вашингтон, 2 февруари 2022 (МИА) - Кокошка била „уапсена“ откако се прошетала и колвала во заштитениот простор на Пентагон, соопшти вчера организацијата Лига за благосостојба на животните во Арлингтон, САД. Оттаму беа поканети да го преземат животинчето и сместат во соодветен кокошарник. За обидот за „напад на кокошката“ врз Пентагон - една од најзаштитените згради во светот, пишуваше и „Милитари тајмс“ (Military Times). Весникот на шега праша дали „уапсената кокошка“ едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или, всушност, е шпион во мисија по државни тајни? Корисниците на Интернет предложија кокошката да се нарече „Етел Розенберг“ - по познатата Американка уапсена и егзекутирана за шпионирање за СССР во САД 1950-тите.  си/сд/

Остани поврзан